Во Бигорски откриено манастирско писмо со повик до Христијаните

Монасите на Бигорскиот манастир грижливо ги расчистуваат древните манастирски книги од неговата илјадагодишна историја и ги средуваат во новата библиотека. Во една од книгите пронајдоа старо манастирско писмо, потпишано на 2 јануари (стар стил) 1898 година, од тогашниот игумен, архимандрит Гаврил со браќата. Писмото на игуменот Гаврил претставува окружен повик за манастирската слава на Водокрст и Богојавление.

Како што пишува Утрински, вакви писма биле пратени до сите села каде што постоело кумство на светиот крст, но е сочувано само писмото што било упатено до христијаните на долнореканските села Велебрдо и Ростуше.

Игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, вели дека ни открива големи работи. Пред се’, сведочи за некогашниот многу богат христијански духовен живот во овие краишта на Мијачијата, пренесува Утрински.

Старото писмо, поради оштетување, беше реставрирано во Одделот за реставрација и конзервација на стари книги и ракописи при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

02.05.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега