ВНИМАВАЈТЕ: Денеска ќе „летаат" казни за несовесните граѓани

 

Доколку денеска одлучивте да го искористите Денот на трудот за да одите на излет или да одморите, бидете особено внимателни бидејќи ќе летаат казни за непослушните граѓани.

Од Градот Скопје апелираат граѓаните кои планираат денешниот ден да го поминат во природа, особено на Водно, Гази Баба, Сарај, Езеро Треска, Матка и други излетнички места, да не палат оган и да не фрлаат отпад, и информираа дека нивни екипи ќе вршат контрола на јавните површини.

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

01.05.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега