„Знаеш ли?“ - да ја подигнеме свеста за донирање органи
Петчасовен јавен настан за подигнување на свеста за донирањето органи како највисок чин на хуманост ќе се одржи денеска на плоштадот Македонија.
Под мотото „Знаеш ли?“ во рамките на кој ќе биде промовиран и новиот број на уличното списание „Лице в лице“ кое во фокусот ја има оваа тематика, се организира настан во соработка со здружението „Мактрансплант“, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Националниот координатор за трансплантација д-р Аспазија Софијанова, а под покровителство на „Новартис“.
Граѓаните од 12 до 17 часот ќе можат да потпишуваат картички со што симболично ќе ја поддржат кампањата за донирање органи „Дари орган, подари живот“ што здружението „Мактрансплант“ ја започна на крајот од минатата година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа