Бадемите се совршени за диета- еве зошто
Неколку бадеми дневно можат да бидат совршена ужина која ќе ве заштити и од болести.
Овој високопротеински оброк го потиснува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.
Бадемите се преполни со монозачинети масти и витамин Е кој штити од лошите влијаниа на ултра виолетовите зраци и Алцхајмерова болест, тврдат дури 6 студии неодамна претставени од друштво на нутрициониски во Сан Диего.
За оние со ризик за дијабетес, бадемите на дневно ниво ја регулираат глукозата во крвта.
Тие исто така се богати со минерали кои на нашите коски им помагаат да бидат посилни, магнезиумот е важен за мускулите, но и за нервите и го регулира крвниот притисок.
Една од споменатите студии која ја водел Kerol O’Nil за Универзитетот Луизијана каде на 24.808 возрасни лица е утврдено дека со редовно внесување на бадеми се доаѓа до подобрување на психолошката состојба.
Интересно е дека со умерена консумација на бадеми, учесниците во студијата не се здебелиле. Диетата со бадеми, после шест недели, ја смалила масата околу стомакот и количината на сало.
Прелиминарните резултати тврдат дека бадемите ја смалуваат колилината на мастите во телото што доведува до намален ризик од метаболички синдром со кој автоматски се намалува шансата за срцеви болест.
Извор: The Men
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа