Крвав викенд: 26 сообраќајќи на скопките улици

 

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди.

Во петокот се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и три со телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден пешак и еден велосипедист. Во сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди, во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден пешак и двајца сопатници.

Случена е и една незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила околу 2 часот и 15 минути на крстосницата од ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори Македонски“ во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ и „голф“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „голфот“, роден 1986 година, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на моторните возила.

Во неделата се случени седум сообраќани незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден сопатник во патничко моторно возила, двајца возачи на мотоцикли и двајца сопатници на мотоцикли.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

28.04.2014 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега