Расте бројот на заболени од морбили

За неполна недела, регистрирани се шест нови случаи на заразени со ситна сипаница.

Докторите потврдуваат дека најголем дел од заболените не се вакцинирани, или примиле само една доза.

 

-Поголемиот дел од болните се возрасни кои не примеле на време вакцина. Вкупниот број на заболени е 92, вели д-р Јованка Костовска, Министерство за здравство,  пренесува Канал5.

На денешното одбележување на Неделата за имунизација, докторите апелираа навреме да се вакцинираат децата со МРП вакцината, бидејќи ситните сипаници носат сериозни проблеми.

-По повод неделата за имунизација здравствените работници работеа и на терен. Најчесто во ромските средини, вели д-р. Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом.

Според докторите, имунизацијата е на високо ниво во Македонија за сите вакцини. 

26.04.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега