Крвав вторник: Девет сообраќајки во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои две се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Александар Рутаревски“ кое се наоѓа во населеното место Сандево и во подрачното Основно училиште во населено место Блаце со учениците од второ и трето одделение.
За денеска има најава за два вонредни настани. На националната арена „Филип Македонски“ ќе се одржи натпревар помеѓу Вардар и Пелистер од Битола. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. Политичката партија ДПА ќе организира предизборен митинг. Истиот ќе се одржи во 19 часот на плоштадот „Скендер бег“. Со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување. Во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен од бул. „Гоце Делчев“ од крстосницата со бул. „Крсте Мисирков“ до крстосницата со бул. „Илинден“ и бул. „ВМРО“ во непосредна близина на Владата на РМ, како и по ул. „Филип Втори Македонски“ од крстосницата со ул. „Кеј 13 Ноември“ пред х. „Холидеј ин“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа