Загубил контрола и удрил во бандера - 42 сообраќајки за Велигден

 

Во изминатите пет дена во Скопје за време на Велигденските празници се случиле вкупно 42 сообраќајки. 

Во четвртокот сообраќајната полиција извршила увид  на 12 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и една со полесни телесни повреди на пешак. Регистрирана е една незгода со последица тешки телесни повреди, која се случила во 15 часот и 35 минути на крстосницата од ул. „Скупи“. Во незгодата учествувале три патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден возач. Регистрирани се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Од деветте сообраќајни незгоди, што се случиле во петок, шест се со последица материјална штета и две со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пешак и сопатник во запрежно возило. Регистрирана е и незгода со последица тешки телесни повреди, која се случила во 21 часот и 15 минути на ул. „Воин Драшколци“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „застава“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Возачот изгубил контрола над управувачот и удрил во бандера за улично осветлување при што се здобил со тешки телесни повреди.  

На 19 април, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле пет возачи на патнички моторни возила и двајца сопатници. Во една незгоди со мала материјална штета е пополнет Европски извештај.

На 20 април, недела, од регистрирани осум сообраќани незгоди, шест се со последица материјална штета, а во две со полесни телесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, пешак и сопатник.

Вчера сообраќајната полиција извршила увид во четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и пешак.

Во текот на изминатите пет дена сообраќајната полиција открила и санкционирала четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, како и девет возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.

22.04.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега