600.000 деца во Грција живеат во сиромаштија

 

 

Како последици на еконската криза речиси 600.000 деца во Грција живеат под прагот на сиромаштија, се наведува во извештај на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

- Ситуацијата е многу вознемирувачка. Проблемите со сиромаштијата и социјалната исклучивост се зголемуваат, изјави претставникот на УНИЦЕФ во Грција, Ламброс Канелопулос.

Според него, каквата состојба има негативен одраз не само врз благосостојбата на децата, туку и врз нивното здравје и нормален развој. 

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека во моментов околу 597.000 деца во Грција живеата во услови на сиромаштија, што е за 158.000 повеќе во споредба со пред една година.

Според Фондот, од вкупнуиот број деца што живеат во сиромаштија, дури 322.000 не можат да ги задоволот основните прехранбени потреби.

најчитано сега