Скопската полиција вчера “ловеше“ лоши момци - две лица зад решетки
Скопската полиција вчера лишила од слобода двајца скопјани кои се барале за издржување затворска казна.
СВР Скопје вчера го уапсила 30 годишниот скопјанец Силвие Д., кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело „насилство“. Тој бил спроведен во полициска станица „Гази Баба“ за понатамошна постапка.
Скопската полиција го лиши од слобода 59 годишниот скопјанец Стојан И., кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. Тој бил спроведен во полициската станица „Кисела Вода“ за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа