Попладнево невреме во Македонија: Врнежи грмежи и силен ветер

 

Попладне ќе истури дожд. Најпрво во северните делови од земјата, ќе се зголеми облачноста, а веќе попладне насекаде ќе биде облачно и ќе дува северозападен ветер. Насекаде ќе има и повремени врнежи и пороен дожд. Во јужните делови од земјата ќе има и појава на нестабилност со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, во пладневните часови облачно, а попладне со повремен пороен дожд. Повремено ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 17 степени.

И во следните денови не очекува температурен шок. Температурите ќе опаѓаат, а времето ќе биде облачно и врнежливо.

15.04.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега