Нов маркет на Скопски пазар во Аеродром
Вчера е отворен нов СП маркет во Аеродром на ул. Коста Новаковиќ бр. 14. Со голем број попусти и со асортиман над 8.000 производи маркетот уште во првите моменти, привлече огромен број на граѓани. Тие имаа можност да се уверат во квалитетната понуда и услугата на новиот СП Маркет меѓу кои е „Топлотека“ која ќе понуди над 70 врсти јадења: свежо зготвени топли јадења, салати, тестенини, месо, риба, домашни традиционални јадења и специјалитети од кујната на Ресторан 14.
Во понудата на супермаркетот отсега потрошувачите ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук.
Новиот СП Маркет ќе работи од 7 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 7 до 20 часот во недела. Располага со 4 каси и зафаќа површина од 335м2.
„Се надеваме дека нашиот нов СП Маркет, ќе биде вистински одговор на секојдневните потреби на граѓаните, пред се за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени. Новиот СП Маркет ќе располага со широк асортиман на бројни други производи за широка потрошувачка, се со цел да им го олесни животот на граѓаните и да им одговори на нивната лојалност и доверба од почетокот па сè до денес, бидејќи вистинскиот комшија е оној кој е секогаш подготвен да помогне“, изјави Марија Тасиќ од одделот за маркетинг на Скопски Пазар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа