ФОТО: Современи трафики ќе го красат Штип

 

Во Штип ќе се избира типско решение за тоа како ќе изгледаат новите трафики кои приватни лица ќе ги поставуваат низ градот.

Ова идејно решение е на штипската фирма „Алмонт“, избрана согласно условите од конкурсот кои беа објавени од општина Штип.

Тоа значи, дека во иднина, по претходно одобрена локација за поставување на ваква урбана опрема, сите сопственици на киосци ќе треба да ги набават овие типски траифики од фирмата „Алмонт“, со што ќе се унифицира изгледот на објектите во кои ќе се врши продажба на весници и друга стока.

Унифицирањето на продажните траифики е дел од заложбите на градоначалникот и локалната самоуправа за уредување на локациите каде се поставени и ќе се поставуваат вакви објекти.

Согласно одлуката на Советот на Општина Штип, постојат две можности за поставување на ваквите типски трафики. Заинтересиран субјект, може сам да ја купи од страна на операторот „Алмонт“ и по претходно добиено решение за поставување, истата може сам да ја постави.

Втората опција овозможува Општина Штип да ги набави и постави трафиките, а истите преку соодветна процедура да ги изнајмува на заинтересирани корисници кои за тоа ќе плаќаат соодветен надомест.

Конретно, првата типска трафика која е поставена спроти хотелот „Оаза“ ќе биде поставена според вториот принцип, истата ќе ја опреми општината а ќе следи објава на конкурс, и спроведување на постапка за лицитација.

Почетната цена е лимитирана на 3000 денари. Останува дозавршување околу електричната и водоводната инсталација по што ќе следи соодветна постапка преку конкурс.

Во секој случај, најважно е што локалната самоуправа е пред решавање и на овој проблем, околу унифицирањето на продажните киосци и трафики.

11.04.2014 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега