Груевски: Преговараме за нова инвестиција која ќе овозможи 5.000 вработувања

Премиерот Никола Груевски вчера гостуваше во емисијата "Јади бурек" каде зборуваше и за новите инвестиции.

Груевски потенцираше дека во моментов за завршна фаза се преговрите со странска компанија која сака да инвестира во североисточниот дел на Македонија.

- Во завршна фаза се преговорите со една странска компанија што сака да се стационира во Североисточна Македонија,  цела зона да направи со 4 до 5.000 вработувања. Ако тоа успее за тој регион ќе биде препород, нагласи Груевски.

Бидејќи инвестицијата не е потврдена официјално, премиерот не можеше дакаже за која компанија станува збор.

- Во овој момент не можам ниту фирмата да ја кажам, нитu било што поконкретно, бидејќи не ни се завршени преговорите, посочи Груевски.

Тој доаде дека колку повеќе компании инвестираат во Македонија толку повеќе конкуренцијата ќе расте за вработување и дека  тогаш ќе почне реалното зголемување на платите, бидејќи кога доаѓаат повеќе фабрики, тогаш работодавачите се борат за најдобрите работници.

09.04.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега