Се искршија трактор и автомобил - 11 сообраќајки во Скопје
Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Се случиле и две незгода со последица тешки телесни повреди. Првата се случила во 7 часот и 30 минути на улицата „Белградска“ кај „Тасино чешмиче“ во која учествувал велосипед, управуван од граѓанин на Скопје, кој движејќи се изгубил контрола над управувачот и паднал при што се здобил со телесни повреди. Втората се случила во 9 часот на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце во која чествувале трактор, управуван од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки повреди се здобило едно лице и едно лице се здобило со телесни повреди.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во подрачните училишта на ЦОУ „Драга Стојанова“ кои се наоѓаат во населените места Сопиште, Долно Соње и Света Петка на територијата на општина Кисела Вода со учениците од второ и четврто одделение и во средното училиште „Арсение Јовков“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Чаир со учениците од втора и трета година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа