Викендов хаос на улиците - 30 сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди.
Во петокот се случиле девет сообраќајни незгоди од кои четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица и тоа двајца патници во автобус, тројца пешаци и еден мотоциклист. Се случиле и уште пет незгоди со материјална штета и три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во саботата се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета, шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица, од кои еден пешак, еден велосипедист, еден возач на мотоцикл, двајца патници во автобус и четворица возачи, додека вчера на улиците низ Скопје се случиле осум сообраќани незгоди во која со повреди се здобиле четири лица.
За денеска има најавено вонреден настан со почеток во 11 часот во населбата Шуто Оризари на ул. „Шуто Оризари“ по повод Денот на Ромите каде ќе се одржи дефиле при што се очекува прилив на поголем број на граѓани што значи зголемен интензитет на сообраќајот на овој дел. Од овие причини, во зависност од моменталните состојби од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа