Инцидент во Влае: Каменувани возила кои оделе на митинг

 

Петнаесет непознати лица, синоќа каменувале возила во кои се превезувале учесници на митинг на политичка партија. 

Според информациите од МВР, инцидентото се случил на булеварот „Партизански Одреди“ во скопската населба Влае. За среќа, нема повредени лица, но, оштетени се три возила.

Откако ги каменувале возилата, групата се разбегала. Полицијата трага по сторителите. 

 

04.04.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега