Сообраќајот во Скопје ќе се поремети - ѕирнете каде нема да може да се вози

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд, во временскиот период од 7 до 17 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“. Сообраќајот на оваа делница ќе се одвива во согласност со привремено поставениот режим.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот сообраќаен режим и да ја присподобат брзината на движење на условите на патот.

04.04.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега