Полицијата демне: Летаа казни за непослушни возачи
Полицијата демне на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден биле казнети повеќе непослушни возачи на скопските улици.
Од страна на сообраќајната полиција беше спроведена општа контрола на возачите и возилата при што преземени се мерки во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата. Притоа санкционирани се 11 неисправни возила. Исто така, и 12 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Преземени се мерки и према осуммина возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола и 12 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.
Санкционирани се и тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шестмина возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 11 возачи на велосипеди со моторни уреди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 15 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата така и на пешаците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа