Македонија разубавена со повеќе од 50.000 рози

 

Над 50.000 рози се засадени и ја красат Македонија во рамки наакцијата „Македонија земја на цвеќето - земја на розите“.

На денешното прогласување на победниците од наградниот конкурс „Македонија земја на розите“, националниот координатор на акцијата и државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова посочи дека оваа бројка не е конечна, а конечната бројка ќе се добие по сумирањето на извештаите од училиштата, каде дечињата продаваа сопствени креации, а средствата ќе бидат наменети за нови садници рози.

- Скоро сите општини се приклучија. Акцијата течеше во два дена масовна и обединувачка. Се надеваме дека ќе продолжи наредните години и ќе придонесеме не само кон еколошката димензија на прочистување на почвите и воздухот, туку и на нова визуелна димензија на расцветување на урбаните средини во Република Македонија, посочи Лепиткова.

Првонаградените од наградниот конкурс „Македонија земја на розите“ добија таблети и енциклопедии, за вторите места имаше велосипеди и ранчиња со кондиторски производи за третонаградените.

Акцијата „Македонија земја на цвеќето - земја на розите“ почна минатата година во Скопје под мотото „Скопје град на белите рози“.

28.03.2014 - 13:54
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега