Изгубил контрола удрил во ограда и се превртел - 18 сообраќајки во Скопје
Изминатиот ден во Скопје се случиле 18 сообраќајни незгоди во кои повредени се девет лица.
Во две од сообраќајните несреќи повредените поминале со тешки повреди. Првата од нив се случила на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и „АСНОМ“ помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски таблички и велосипед управуван од граѓанин на Скопје. Како последица на несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на велосипедот. Втората незгода со тешки телесни повреди е случена на регионалниот пат Скопје – Тетово во атарот на селото Арнакија кога возачот на патничкото моторно возило „опел корса“, жител на село Ласкарци, ја изгубил контролата над возилото, удрил во ограда и се превртел.
Во седум од незгодите со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник во возило, тројца пешаци и еден возач на велосипед, а девет поминале само со материјална штета.
За денеска нема најави за настани кои во поголема мера би влијаеле на режимот во сообраќајот, освен еден предизборен митинг на политичката партија ГРОМ што ќе се одржи на платото зад ТЦ „Бисер“. Во зависност од состојбите и потребите од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа