Ќе никне нов пат до Кучковските водопади
За развој на туристичката понуда, општината Ѓорче Петров подготвува проект со кој ќе биде уреден пристапниот пат кон Кучковските водопади, кои се наоѓаат во месноста на Клисурица, на само три километри од селото Кучково.
Водпадите се високи околу шест метри, а во нивна непосредна близина се наоѓа и археолошки локалитет кој потекнува од римскиот период со видливи остатоци од ѕидови.
Општинарите се надеваат дека во наредниве години ќе се изнајдат средства и за започнување на ископување на римскиот локалитет.
26.03.2014 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа