Конгресменот Трент Френкс - нов член на групата пријатели на Македонија

Трент Френкс, конгресмен од американската сојузна држава Аризона, е најновиот член на групата за пријателство со Македонија во Конгресот на САД.

- Конгресменот Френкс, шампион на прашањето за човековите права и верските слободи на глобално ниво е голем пријател на Македонија и голем поддржувач на нејзиниот прием во НАТО, изјави претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски по приклучувањето на Френкс во групата за пријателство со Македонија. Тој е и еден од 40-те потписници на писмото кое Конгресот неодамна го упати до државниот секретар на САД Џон Кери, во кое се бараше прием на Македонија во НАТО на самитот во Британија во септември.

Инаку, групата брои 20-ина членови.

25.03.2014 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега