ВМРО-ДПМНЕ: Екстерното тестирање ќе стави крај на необјективното оценување
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите политичари и политички партии кои на сметка на квалитетот на образовниот процес сакаат да добијат ситни политички поени.
Несериозно е политичари и политички партии, кои со ништо досега немаат придонесено за подобрување на квалитетот на македонското образование, сакајќи да се наметнат на јавноста, да ги критикуваат реформите кои влијаат на подобрување на обазованието.
Неаргументираната критика на оваа реформа зборува само дека не им е ни најмалку важнен квалитетот на образовниот процес туку само придобивање на дневно политички поени на сметка на учениците и наставниот кадар.
Екстерното тестирање е проект кој долго време се најавува и подготвува со сите релевантни субјекти и експерти и се подготвува во согласност со европските стандарди.
Со екстерното тестирање кое годинава ќе се спроведе во сите училишта од 27.05 до 10.06, ќе се стави крај на необјективното оценување на дел од наставниците. Од друга страна ќе се намали притисокот и уцените врз просветните работници од некои родители кои бараат повисоки оценки за нивните деца. Наставниците кои биле реални при оценувањето на своите ученици ќе бидат наградени, додека тие кај кои ќе има најголеми отстапки во оценката која ја ставиле во дневникот од онаа која учениците ќе ја добијат на тестот, ќе одат на советување. Доколку и натаму продолжат со необјективно оценување, ќе бидат казнети. Учениците нема да бидат дополнително оптоварени со ескетерното тестирање, затоа што на тестот само ќе го потврдат знаењето кое го стекнале во текот на учебната година. Прашањата на тестот ќе бидат исклучиво од материјалот кој се учел во тековната училишна година. Во неколку наврати е спроведено пробно екстерно, така да и наставниците и учениците знаат во која насока ќе се одвива екстерното тестирање.
Јасно ни е дека една иста група на луѓе неосновано ги напаѓаат реформите од областа на образованието, каква што е и екстерното оценување, иако сите досегашни реформи успешно се спроведуваат и ги даваат очекуваните резултати.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залага за подобрување на квалитетот на образованието и работи да ги приближи македонските до европските стандарди и квалитет.
Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.