Во рамки на акцијата „Здравје за сите“ скопјани си добија бесплатни лекарски прегледи

 

Последните три дена, на четири различни локации во Скопје, граѓаните имаа можност бесплатно да бидат прегледани, во рамки на акцијата на Министерството за здравство, „Здравје за сите“. Акцијата беше спроведена од страна на медициските екипи од ЈЗУ Здравствен дом Скопје во период од 8 до 14 часот.

Вчера пункт беше поставен во Ново Лисиче каде беа прегледани 202 лица, а завчера пункт беше поставен во општина Бутел каде беа прегледани 200 лица. На 21 март пунктови имаше во ТЦ Лептокарија, каде беа прегледани 131 лице, како и во ТЦ Чаир каде беа прегледани 120 лица, соопшти Здравствен дом Скопје.

Прегледите се спроведуваат со цел на поголем број на граѓани да им се овозможи да добијат бесплатни превентивни прегледи -  мерење крвен притисок, шеќер, холестерол, тежина, висина и да добијат совети за заштита и грижа за нивното здравје, имајќи ги предвид резултатите кои ќе ги добијат од анализите.

Годинешните акции се организираат и во соработка со општините кои беа задолжени во набавка на вода и овошје како основни додатоци за здрава храна и здрав живот.

24.03.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега