Викендов четворица потешко повредени во сообраќајќи

 

Вкупно 32 сообраќаји се случиле низ патиштата на Град Скопје, во кои четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека 26 минале со полесни, а само 14 им била утврдена материјална штета. 

Ден пред викендот биле регистрирани вкупно 12 незгоди, во кои од пет се со последица материјална штета, во четири со полесни повреди се здобиле шест возачи на патнички моторни возила, четири сопатници и еден пешак и три незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак, еден возач на велосипед и еден возач на мопед.

Сообраќајната полиција во саботата изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со материјална штета, во три со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак, а во една со тешки телесни повреди се здобил возач на велосипед.

Вчера се случиле 10 сообраќани незгоди од кои три се со материјална штета, а во седум со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, четири сопатници во возилата, еден пешак и еден возач на мопед.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 51 возач коишто ги управувале своите возила под дејство на алкохол, поради што се исклучени од сообраќај, 17 возачи на мопеди и мотоцикли кои сториле прекршок по различни основи, 16 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на возилото и 15 возачи што поминале на црвено светло.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ на подрачјето на општина Кисела Вода и во ОУ „Јане Сандански“ на подрачјето на општината Чаир.

За денеска има најава за два настани. Едниот е со почеток во 19 часот од политичката партија СДСМ која во Универзалната сала ќе одржи конвенција и во 19 часот на паркинг-просторот пред ТЦ „Лептокарија“ политичката ГРОМ ќе организира митинг по повод започнување на изборната кампања поврзана со претседателските избори. Во зависност од состојбите за време на одржување на овие два настани од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот. 

24.03.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега