Бесплатни здравствени прегледи за Кавадарчани
Началникот на Службата за инта медицинска помош Антоан Паракеов информира дека акцијата трае три дена.
- Голем е интересот кај кавадарчани да си го проверат своето здравје. Најчести пациенти се постарите лица на кои им проверуваме крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол и слично. Сите оние кај кои се забележуваат проблеми ги упатуваме на дополнителни медицински прегледи, информираше Паракеов, началникот на Службата за Итна медицинска помош.
Вакви превентивни здравствени прегледи традиционално се организираат во Кавадарци секоја пролет, а се во согласност со препораките на министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа