Основците и средношколците се натпреваруваат во информатика

 

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија денеска се одржува Државен натпревар по информатика за ученици од средните и основните училишта во Македонија.

Настанот го отвори заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

- „Сведоци сме на огромниот раст и развој на информатичката и телекомуникациската технологија. ИТ компаниите работат сè поуспешно, а професиите во оваа сфера, од година во година, стануваат сè побарани и попотребни. Ние како надлежни институции во овој домен даваме континуирана силна поддршка, а сето тоа со единствена цел да изградиме информатички образована нација.„- рече Арсовска Томовска.

Државниот натпревар по информатика се одржува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, во чии рамки се организира и работилница на тема „Активности на Здружението на информатичари поврзани со наставни програми по информатика„ како и презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ. 

ФОТО: Курир

22.03.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега