Кисела Вода ја красат 2.000 рози

 

И општината Кисела Вода се вклучи во акцијата „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“. Денеска беа засадени  рози покрај улицата „Христо Татарчев“.

За оваа цел беа обезбедени 2.000 рози кои имаат естетска, но и еколошка улога, така што, освен што ќе се разубави просторот, ќе се придонесе и за поздрава и почиста животна средина.

Ова е уште еден од бројните еколошки проекти кои се спроведуваат во општина Кисела Вода и кој треба да обезбеди долгорочен позитивен ефект врз животната средина и здравјето на луѓето. 

21.03.2014 - 13:51
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега