Имате проблем со килограмите? - ова е решението за вас

 

Диетата со грејпфрут е нискокалорична диета со чија помош за само неколку дена ќе загубите пет килограми.

Ова е се што треба да направите:

Појадок:

  • 2 јајца (варени или пржени);
  • 2 тенки парчиња сланина;
  • кафе (без шеќер и млеко);
  • ½ грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут.

Ручек:

  • салата со месо;
  • ½ грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут.

Можете да консумирате било какво месо и да го приготвувате како што сакате. Јадете додека не се заситите.

Вечера:

  • црвени/зелени зеленчуци или салата со неограничено количество риба или месо,
  • ½ грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут.

Ужина пред спиење:

  • една чаша млеко или сок од домати.

ПРАВИЛА НА ДИЕТАТА

  • За време на ручекот или вечерата можете да јадете сè додека не почувствувате дека сте сити.
  • Не пијте повеќе од едно кафе дневно.
  • Не јадете меѓу оброци. Единствената ужина треба да ви биде по вечерата.
  • Пијте многу вода, најмалку 2 литри дневно.
  • Секогаш внесувајте го препорачаното количество грејпфрут.
  • Не исфрлајте ниту еден од продуктите кои се препорачани, особено сланината и салатите.
  • Диетата трае 12 дена. Ако сакате повторно да продолжите со неа, направете најмалку 2 дена пауза.

Извор: Фемина

21.03.2014 - 13:40
Фото: 
Црнобело

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега