Иванов денеска ќе го додели признанието за „Најдобар млад научник”
Признанието за „Најдобар млад научиник“ за 2013 година денеска ќе биде доделено од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Ваквата награда се доделува веќе четврта година по ред, а нејзината цел има да го поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, особено кај младите македонски научници до 30 годишна возраст.
Досега ваквото признание кое прерасна во традиционална манифестација, во 2010, 2011 и 2012 година го добија Никола, Златанов, Трифче Сандев и Катерина Бачева.
19.03.2014 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа