Грчките државни службеници на- 48 часовен штрајк
Грчките државни службеници денеска и утре ќе на 48 часовен штрајк против планираните намалувања, наложени во рамки на меѓународната спасувачка програма а во штрајкот, свикан од синдикатот на државните службеници АДЕДИ, ќе учествуваат само лекари и вработени во државните болници.
Во рамки на протестите за денеска се планирани митинзи во Атина и Солун. За утре во грчката престолнина е закажан митинг и концерт пред Парламентот.
Штрајкот на државните службеници се организира еден ден откако Владата на Грција постигна договор со меѓународните кредитори, што ќе овозможи одделување на долго одложуваните транши од спасувачките кредити за земјата. Атина се надева да добие над десет милијарди евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа