Летово ќе уживаме на кафе на Милениумскиот Крст
Две фирми се јавиле со свои понуди на тендерот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за доизградба на недовршениот Милениумскиот крст на врвот на Водно. Како што јавува Дневник, едната фирма е скопски „Бетон“ со понуда од 69 милиони денари или 1.116.504 евра, а втората „Турбо инженеринг“, исто така од Скопје, со повисока цена, од 74 милиони денари или 1.197.411 евра.
За тендерот кој ЈСП го распиша во текот на минатат година документација подигнале 10 фирми. Директорот на ЈСП, Мишо Николов, за Дневник објаснува дека најповолниот изведувач ќе се избере за една недела по пат на електронско наддавање и декафирмата која ќе биде избрана е должна да изведе антикорозивна заштита на објектот, да го осветли, да спроведе вода до него, одвод и да изгради пречистителна станица, а планирана е и замена на лифтот.
Што се однесува до водоводот и спроведување на водата за потребите на ресторанот, од претпријатието рекоа дека ќе врши ископ на бунар на длабочина од 40 метри. Водата до крстот ќе се донесе со пумпа.
На Крстот ќе уживаме и во ресторан како и црква со конаци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа