Скршени возила и повредени луѓе - сообраќаен хаос во изминатите 24 часа
Сообраќајната полиција и во изминатото деноноќие имаше полни раце работа, откако мораше да интервенира дури во 19 сообраќајни незгоди кои што се случиле низ скопските улици. Во девет од нив е регистрирана само материјална штета, а во девет завршиле со последица телесна повреда, во кои шест возачи на патнички моторни возила, пет сопатници и тројца возачи на мопеди се здобиле со полесни повреди.
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 19 сообраќајни незгоди.
Една сообраќајка која завршила со последица на потешки телесни повреди, се случи на ул „Никола Парапунов“ во 19 часот и 20 минути. Во не учествуваа две возила со марка „БМВ“ и „ауди 4“, а како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на аудито, а со полесни телесни повреди возачот на патничкото мотороно возило „БМВ“.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата, шест возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, четири кои извршиле непрописно престројување и 14 возачи кои ги управувале своите возила без важечка возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз“ и ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа