За изборниот процес ќе се обучуваат повеќе од 7.000 полицајци

 

Над 7.000 полициски службеници ќе поминат низ децентрализиран систем на обука во однос на обезбедувањето и однесувањето на изборниот процес. Изработен е специјален прирачник, во кој се содржани најважните делови од законската регулатива и препораки за полицајците, како да се однесува во одредени ситуации кога ќе треба да донесе одлука на самото место. За ова денеска информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

- Посебно важно за овие два паралелни изборни процеса - претседателските и предвремените парламентарни избори, е тоа што првпат ќе се одржвуаат во ваква форма, но и според новиот Изборен законик, иако голем дел од полициските службеници постапувале и биле обучувани, сепак потребно е да се обнови знаењето и да се запознаат со новата законска регулатива, изјави Јанкулоска, изразувајќи очекување дека сите ќе дадат сопствен придонес за одржување слободни, фер и деморкатски избори.

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, информира раководителот Анета Станчевска, посебно внимание ќе обрне на однесувањето на припадниците на МВР.

- Вработените во МВР не смеат да ја доведат во прашање професионалноста и законитоста при вршењето на работите. Притоа, СВКПС ќе го следи однесувањето на полицајците како за време на работа, така и по завршување на нивните задачи, во улога на граѓани, предупреди Станчевска.

Станчевска потенцира дека СВКПС меѓу другото пред и за време на кампањата за претседатлските и предвремените парламентарни избори, ќе врши ненајавени контроли во сите организациони единици на МВР. 

12.03.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега