И СОРОС „удри“ по Шеќеринска
Еден од соросовите портали „Вистиномер“ „удри“ по Шеќеринска. Анализирајќи изјава дадена од заменик претседателот на СДСМ, сросовиот Вистинометар пишуа дека Шеќеринска зборува полувистини кога ја критикува Владата за јавниот долг.
Еве ги документите од Народна банка. И тие велат вака, кога премиерот кутар дошол на власт долгот во споредба со бруто домашниот производ не бил 38%, не бил ни 32% како што еднаш изјави Ставревски туку бил замислете 24,3 %. Знаете колку е голема таа лага?
Ако го пресметате бруто домашниот производ, а не е така тешко и го зголемите за проекција која владата си ја даде, еве ви ја математиката. Ќе се види дека во моментов и тој долг малку што се покажува без дополнителните обврски, патишта, фонд за здравство не исплатени обврски. Знаете колку изнесува? Веќе 36%. И сега погледнете со што се фали и какви лаги кажува премиерот на оваа држава. Погледнете како за само еден мандат долгот паднал од 43% на 24, а како во следните години вмроовска влада пораснал од 24 на 35,9%. И кај ќе ни биде крајот ако на ваков начин се лаже за долгот?
Образложение:
Според податоците од Државниот завод за статистика на Р. Македонија, во 2006 година, кога власта ја превзема партијата ВМРО-ДПМНЕ, државниот долг во споредба со БДП, изнесувал 32%. Долгот од 24,2% кој го споменува во својата изјава пратеничката Радмила Шекеринска, се однесува на 2007 година, кога на власт е партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува на вкупниот долг на централната влада на крајот од 2013 година, заклучно со месец декември 2013 година тој изнесува 34,3%.
Податоците од Државниот завод за статистика, покажуваат дека во 2002 година кога СДСМ доаѓа на власт, владиниот долг изнесувал 42,9 %, и истиот се намалил на 32%, во текот на владеењето на партијата СДСМ, односно пред почетокот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа