Тахири: Србија не може да организира избори во Косово- таа е соседна земја

 

Шефицата на приштинскиот преговарачки тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири изјави дека Србија не може да организира избори на Косово бидејќи таа е соседна земја, а Бриселскиот договор за нормализирање на односите како што вели таа го означи крајот на мешањето на Белград во внатрешните работи на Косово.

Таа потсети дека косовскиот Устав гарантира право на двојно државјанство, што им овозможува на косовските Срби да гласаат, но само по пат на технички модалитети кои ги овозможува мисијата на ОБСЕ.

Претставници на мисијата на ОБСЕ изјавија дека се уште не добиле официјално барање да го олеснат процесот на гласање на 16 март, кога ќе се одржат парламентарните избори во Србија, но според приштинските медиуми, косовски аналитичари оценуваат дека одржувањето на српските парламентарни избори на Косово е незаконско и надвор од уставните рамки на земјата. 

09.03.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега