Во Грција осден лекар за расизам

 

Грчки лекар беше осуден на 16 месеци условна казна од Суд во Солун поради прекршување на антирасистичките закони и поседување оружје. 

Педесет и седумгодишниот невролог пред својата ординација поставил натпис на германски, кој гласел: „Евреите не се добродојдени“. 

При полициски претрес во неговиот дом се пронајдени ками со нацистички симболи, нацистичко знаме и печатени материјали на екстремндесничарската грчка партија Златна зора.

Лекарот беше осуден на 12 месеци затвор за кршење на антирасистичките закони и на четири месеци за незаконско поседување на оружје.

Тој ги негираше обвиненијата и поднесе жалба на пресудата. 

07.03.2014 - 19:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега