Јавен повик од коалицијата „Излези да гласаш“ за волонтери и набљудувачи на изборите
Коалицијата “Излези да гласаш“ објавува Повик за волонтери и набљудувачи за претстојните претседателски и парламентарни избори 2014 година.
Коалицијата на граѓански организации „Излези да гласаш“, уште од своето формирање активно учествува во набљудувањето на изборните процеси во Република Македонија. Досегашната работа на оваа Коалиција овозможи активно набљудување на Парламентарните избори во 2008 и 2011 година, како и на последните локални избори во 2013, и тоа со преку 3 000 набљудувачи.
Коалицијата на граѓански организации „Излези да гласаш“ обединува 93 граѓански организации од целата територија на Република Македонија.
И на претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Коалицијата со голем број на акредитирани набљудувaчи и волонтери активно ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на изборите.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани од Република Македонија кои сакаат да се пријават за акредитирани набљудувачи и волонтери да се пријават
најдоцна до 25 март 2014, на следниве адреси:
[email protected] или на поштенски фах 79
За да бидете набљудувач потребно е :
•
Да сте граѓанин на Република Македонија;
•
Да имате навршено 18 години на денот на пријавувањето за набљудувач;
•
Да сте подготвени непристрасно да ги вршите задачите на набљудувач;
•
Да се пријавите со испраќање на вашите податоци (име, презиме, адреса на живеење според лична карта, дата на раѓање и контакт-телефон) на погоре наведените адреси.
•
Да имате искуство при набљудување на претходни изборни процеси
По завршување на рокот за пријавување, сите селектирани набљудувачи ќе бидат известени по е-маил или телефон. При селекција, предност ќе имаат лицата кои веќе биле набљудувачи преку Коалицијата во некој од претходните изборни процеси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа