Михајловски: Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ - на конвенцијата настапив без пари

 

- Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ и настапот на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ го на­пра­вив без хо­но­рар. На­про­тив, го на­пра­вив со огром­но за­до­волс­тво и ми бе­ше чест што ми овоз­мо­жи­ја да го на­пра­вам. Го на­пра­вив ка­ко оби­чен член на пар­ти­ја­та. Не­мам зе­ме­но ни­ка­ков хо­но­рар и не­ма да зе­мам – вели актерот Тони Михајловски во интерју за најновиот број на неделникот „Република“.

Тој нагласува дека идејата за стендап на конвенцијата била на партијата, на  чо­ве­кот што пи­шу­ва сце­на­рио.

- Ме­не ми по­ну­ди­ја да на­пи­шам не­ка­ков текст. Го на­пи­шав тоа, иа­ко кру­жеа му­а­бе­ти де­ка ми се да­де­ни збо­ро­ви што тре­ба да ги из­го­во­рам, де­ка ми е из­ди­кти­ра­но и на­пи­ша­но тоа што тре­ба да го ка­жам. Ап­со­лут­но имав сло­бо­да во кре­а­ци­ја­та. Нор­мал­но, тоа го по­ну­див на ко­рек­ци­ја, не­ма­ше ко­рек­ци­ја. Ни­ка­де во тек­стот ние не ре­ков­ме де­ка не­кој шмр­ка ко­ка­ин, но тој што си ја има му­ва­та на ка­па­та, нај­ве­ро­јат­но, си го пре­поз­нал тоа. А ме­та­фо­ри­те мо­же да се од­не­су­ва­ат на сѐ и се­што, не­ли! Е се­га, ако не­кој има пре­го­лем ба­гаж и не сме­еш да спо­ме­неш ли­ни­ја ко­га зборуваш за него затоа што сѐ го асо­ци­ра на кон­су­ми­ра­ње та­кви средс­тва, јас не сум ви­но­вен. За тоа, нај­ве­ро­јат­но, е ви­но­вен чо­ве­кот што го на­пра­вил ба­га­жот – додава Михајловски..

Целосното интервју прочитајте го во најновиот број на Република, кој излезе денеска.

07.03.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега