ДИК ќе го утврди роковникот за предвремените парламентарни избори
Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која треба да го усвои Предлог - Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонијa, закажани за 27 април, на вториот круг од претседателските избори.
На дневен ред на денешната седница, Предлог - Одлука за важење и применување на обрасците за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Предлог - Образец за Договор за коалицирање, Предлог Образец за Записник од влечење ждрепка и Предлог Образец за Посебен записник (ДКП)
Членовите на ДИК денеска треба да ги разгледуваат и барањата за разрешување на претседател, членови и нивни заменици од Општинските изборни комисии, а треба да се изврши и случаен избор за именување на претходно разрешените претседатели, членови и нивни заменици во Општинските изборни комисии. Исто така треба да биде донесена и одлука за утврдување на бројот на избирачкото место за гласање на членовите на Избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа