Во петок на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за претседателските избори

 

Утре на полноќ завршува дваесетдневниот јавен увид во Избирачкиот список за претседателските избори и за граѓаните од земјата и за дијаспората.

Досега преку веб-страницата на Државната изборна комисија увид во избирачкиот список направиле 80.000 граѓани, додека до Комисијата преку Дипломатско-конзуларните претставништва се доставени 2.747 барања од дијаспората, од кои 2.415 се прифатени. Најмногу од нив се од државјани на Македонија кои живеат или се со престој во европските земји.

Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта преку ДКП до ДИК или до ДИК да поднесат Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список и/или да достават Барање за гласање за претстојните претседателски избори исто така до петок на полноќ. Примените барања и пријави преку ДКП-та, Министерството за надворешни работи треба да ги достави до ДИК веднаш или најдоцна до 10 март.  

Избирачкиот список на политичките партии треба да им биде доставен до 12 март. ДИК го заклучува Избирачкиот список најдоцна до 22 март.

 

06.03.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега