Косовската полиција не му дозволи на Коштуница да го посети северниот дел на Косово
Поранешниот српски премиер и актуелен лидер на Демократската партија на Србија (ДСС), Воислав Коштуница, денеска беше спречен од косовската полиција да го посети северниот дел на Косово.
Коштуница и членовите на партиската делегација, во која бил и заменик лидерот на ДСС, Слободан Самаџиќ, биле пресретнати од припадници на косовската полиција во местото Лепосавиќ и биле вратени до преминот Јариње на границата меѓу Србија и Косово- јави Танјуг.
Опозициската ДСС вечерва требаше да одржи предизборен митинг во Косовска Митровица.
Канцеларијата на српската Влада за Косово и Метохија ја осуди постапката на косовската полиција, оценувајќи ја како „демонстрација на сила од страна на Приштина“.
Канцеларијата воено побара од Мисјата ЕУЛЕКС да ја објасни полициската постапка, нагласувајќи дека со неа „се прекршени сите договори од Брисел, вклучително и оној за слобода на движењето“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа