Од месецов повисоки пензии - од 2006 зголемени за 62 отсто

 

Пензионерите од овој месец ќе добијат покачување пензиите за 600 денари. Средствата во висина од милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбедени во Буџетот.

Ова беше договорено на средбата на министрите за финансии и за труд и социјална политика Зоран Ставрески и Диме Спасов претставници од Сојузот на здруженија на пензионери што се одржа во февруари.

- Најниската пензија во 2006 година изнесуваше 4.330 денари, а со исплатата на пензиите во март ќе изнесува 7.620 денари што е зголемување од 76 проценти, додека највисоката пензија во 2006 година изнесуваше 27.606 денари додека сега ќе изнесува 36.007 денари што значи зголемување од 30,43 проценти, нагласи Сапсов.

 

05.03.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега