Грипот ја однесе и единаесеттата жртва

 

Грипот однесе уште една жртва. Се работи за пациентка на возраст од 81 година од Неготино, кај која е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А/Х3.

Пациентката починала денеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје откако девет дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка билатерална бронхопневмонија и со претходни хронични заболувања, како што се акутна бубрежна инсуфициенција и срцева слабост.

- И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала. На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 98 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои шест лица се лекуваат на одделението за интензивна нега, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Ова е единаесетта жртва на грипот годинава.

05.03.2014 - 15:48
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега