Расте бројот на грипосани во Велес - меѓу нив голем број деца

Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес  во изминатата последна недела од февруари вклучувајќи ги и  првите два дена од март, во Велес за седум дена регистрирани се вкупно 259 новозаболени од грип. Во новозаболените имало  9 деца до 4 години и 24 деца  од 5 до 14 години.

Инаку во текот на февруари годинава во Велес според ЈЗУ Центар за јавно здравје регистрирани се вкупно 875 заболени од грип, информира за МИА, епидемиологот д-р Билјана Трајкова. Таа потенцира дека бројот на заболени споредено со јануари годинава кога имаше 230 заболени е скоро четирипатти зголемен.

Трајкова апелира до граѓаните со симптоми на грип веднаш да се јават за терапија кај своите матични лекари. Воедно здравите да избегнуваат контакт со болните бидејќи болеста е заразна и лесно пренослива, а посебно е опасна по здравјето на хронично болните.

04.03.2014 - 16:46
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега