Двајца демонстранти прегазени за време на денешните протести во Сараево
Две лица се повредени денеска за време на протест во Сараево, откако автомобил се обидел да помине низ крстосница блокирана од демонстранти.
Веднаш по инцидентот возачот побегнал, а демонстрантите за тоа ја обвинија полицијата тврдејќи дека таа го пуштила автомобилот да мине низ крстосницата.
По немилиот настан демонстрантите со контејнери ја блокираа крстосницата и се заканија дека ќе го запалат секој следен автомобил што ќе се обиде да мине од таму.
Од денешниот протест на стотина граѓани пред зградата на Претседателството на БиХ во Сараево, беа изнесни барања за социјалната праведност, смена на власта и формирање непартиска експертска Влада во Федерацијта БиХ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа