Собранието на 85. седница усвои неколку закони по скратена постапка

 

Собранието во попладневниот дел на 85. седница расправаше за измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност и Предлог-законoт за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, сите по скратена постапка.

Пратениците утре ќе се изјаснат за овие закони.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека утре во 11 часот ќе продолжи 84-та, потоа со 85 седница, а во 15 часот е закажана 86-та седница.

Во претпладневниот дел на 85. седница, Собранието на Република Македонија усвои неколку закони по скратена постапка, за кои општата расправа пратениците ја завршија вчера.

27.02.2014 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега