Џафери: Македонија ја чека правната рамка за да изгласа останување на нашите војници во Авганистан

 

 

Република Македонија ја очекува правната рамка што ќе ја одреди Северно-атлантската алијанса, за потоа да одлучуваат и македонската Влада и Собрание, со цел македонските војници да бидат дел и од „пост-ИСАФ“ мисијата што ќе ја предводи НАТО, по военото повлекување до крајот на оваа година од земјата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет во состав министри за одбрана на земјите-членки на НАТО и министри за одбрана на земјите контрибутори во Мисијата ИСАФ го пренесе македонскиот министер за одбрана Талат Џафери.

- На овој состанок ги слушнавме сите подготовки кои се прават за оперативниот план за подготовка на новата мисија пост-ИСАФ 2014 година и со можните предизвици со кои Алијансата се соочува во однос на создавањето на соодветната правна рамка и потребна за отпочнување на новата мисија. Во тој контекст, преовладуваше мислењето дека иако во моментов се уште не е потпишана билатералната спогодба за соработка во одбраната и договорот во контекст на НАТО што ќе даде правна можност за учество и на партнерите во новата мМисија на Алијансата. Општа е констатацијата дека се уште има време и можност да се потпишат соодветните спогодби, што ќе дава можност Алијансата да ги доврши општите подготовки за отпочнување на новата мМисија, посочи министерот Џафери во изјава за МИА по состанокот.

Според министерот за одбрана на Република Македонија, постои размислување за варијанта во тој правец што би се подготвиле силите да ја отпочнат новата мисија и да ја продолжат постоечката по однос на тоа што ќе се случи во моментот до изборите во Авганистан и можноста да не се потпише билатералниот договор.

- Во тој контекст, ние го искажавме нашиот генерален став дека Република Македонија останува на определбата да биде дел од новата мисија „Одлучна поддршка“ во пост-2014 година, со тоа што ги следиме сите настани во однос на создавањето основна рамка на која би се надоврзале за носење наши соодветни одлуки во Владата и Собранието, со цел да заокружиме како наша општа внатрешна правна рамка и да ги ангажираме нашите припадници во новата мисија во Авганистан, додаде Џафери.

 

27.02.2014 - 16:24
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега