Претседателот Иванов во посета на Чешка

 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на покана на неговиот чешки колега Милош Земан, ќе престојува во официјална посета на Чешката Република.

Во пресрет на посетата на Иванов, портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек изјави дека еден од приоритетите на надворешната политика на Чешка е влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, а Македонија е една земјите-кандидатки во Унијата и се стреми за приклучување кон НАТО.

Овчачек ја повтори поддршката што Чешка и ја дава на Република Македонија цитирајќи ја изјавата на поранешниот шеф на чешката дипломатија Карел Шварценберг пред две години кога при средбата со Иванов рече дека Прага поддржува што е можно најбрзо приклучување на Македонија во Северноатлантскиот сојуз. 

 

27.02.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега